Хаос на СП: Француски новинари се степаа на пресот на Мароко (ВИДЕО)
Додека мароканскиот репрезентативец Брахим Дијаз одговараше на новинарски прашања, во салата настана хаос. Според информациите од местото на настанот, двајца француски новинари најпрво се расправале, а потоа еден од нив физички го нападнал другиот. Дијаз во прв момент останал збунет од случувањата, а потоа не можел да ја сокрие насмевката.
„Го заборавив прашањето...“, низ смеа изјавил мароканскиот фудбалер, кој очигледно бил исфрлен од концентрација поради инцидентот.
Набрзо реагирале службените лица на ФИФА, кои ги исфрлиле двајцата новинари од салата и им наложиле несогласувањата да ги решат надвор од официјалната прес-конференција. Мароко и Франција во Бостон ќе одиграат реприза на полуфиналето од Мундијалот во Катар во 2022 година, кога Французите славеа со 2-0.
ФОТО: X / @RealMadrid__HQ