Барса ги договори личните услови со германски напаѓач, последниот збор го има Борусија
Каталонскиот Спорт и Фабрицио Романо денеска објавија дека Барса е многу блиску до потписот на германскиот репрезентативец Карим Адејеми од Борусија Дортмунд. Наводно, клубот и напаѓачот веќе ги договориле личните услови, но останува „милионерите“ да го кажат последниот збор околу отштетата.
Наводно, Борусија за својот фудбалер бара 40 милиони евра, но ризикува да го загуби Адејеми бесплатно. Напаѓачот веќе ја известил управата дека нема намера да го продолжи договорот, а актуелниот му истекува веќе идното лето, па ако сега не го продаде, Адејеми ќе може без отштета да си оди во 2027 година.
Агент на фудбалерот Жорге Мендес кој е во добри односи со управата на Барселона и се очекува сите проблеми да бидат изгладени и наскоро да дојде до реализација на трансферот. Последната сезона тој ја заврши со 10 гола во сите натпреварувања и не доби место во германската репрезентација на Светското првенство.