Халанд е заљубен - папараците го уловија со девојка во Шпанија (ФОТО)

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Ерлинг Халанд е фотографиран во Марбеља со девојката Изабел Хаугсенг Јохансен.

Љубовниот живот на Ерлинг Халанд досега не беше експониран како на некои други фудбалски ѕвезди. Не се ни знаеше дали тој има девојка. Но, папараците го уловија во Марбеља.
 
Тој веќе неколку месеци е во врска со 18-годишната Изабел Хаугсенг Јохансен која исто така е фудбалерка.
 
Тоа е девојка од градот каде што Халанд е роден, заедничко за нив е фудбалскиот клуб Брине за кој и двајцата играле, а и познанството нивно е од таму.
 
„Изгледа дека тие се сериозни. Изабел патуваше во Германија и во Англија да го гледа Ерлинг и сега таа е видена заедно со него во Марбеља“, изјавил близок пријател на Халанд за „Сан“.