Гризман повеќе нема да игра за Франција!

Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман на 33-годишна возраст одлучи да се повлече од репрезентацијата на Франција.

Својата одлука за повлекување од националниот тим Гризман ја потврди преку социјалните мрежи.

„Благодарам за сите спомени од ова прекрасни поглавје, време е да се збогувам“, објави напаѓачот.

За репрезентацијата на Франција, Гризман дебитираше на 5 март 2014 година на 22 години, а до денес одигра вкупно 137 натпревари во кои постигна 44 гола и подели 38 асистенции. Беше дел и од селекцијата која го освои Светското првенство во 2018 година во Русија.