Грабеж во Италија: Разбојници влегле во домот на фудбалер на Интер!
Имено, додека дефанзивецот седеше на клупата и чекаше шанса во натпреварот што Интер го доби со 2-1, неговиот дом во Кастели Калепио, во провинцијата Бергамо, бил ограбен.
Според информациите на „Газета дело Спорт“, група од четворица разбојници влегла во куќата и за само неколку минути украла скапоцени часовници и луксузни дизајнерски торби. Алармот се активирал, но ниту обезбедувањето ниту полицијата не успеале навреме да реагираат, па крадците избегале пред нивното пристигнување.
Случајот е пријавен, а полицијата е во потрага по сторителите.