
„Газета“ најавува потрес во Италија: Конте го напушта Наполи за друг гигант?!
Наводно Конте уште минатото лето бил заинтересиран за проектот на Милан, но тогаш се одлучил да оди под Везув каде што му оди навистина добро.
Конте беше лидер со Наполи во Серија А, но тимот како да покажува слабости по заминувањето на Грузиецот, Квича Кварацхелија во Пари Сен Жермен и во последните кола три пати ремизираше и запиша еден пораз. Интер сега го престигна на табелата и има бод повеќе пред последните 12 кола.
„Газета“ истакнува дека неговиот однос со Де Лаурентис не е баш најдобар и дека разделбата е блиску.
Но, дел од јавноста во Италија смета и дека ова е информација пуштена од Интер и Бепе Марота со цел да се дестабилизира клубот од Неапол во шампионската трка.
Конте во својата кариера ги предводеше Јувентус и Интер, па ако седне на клупата ќе додаде уште еден италијански гигант во своето сиви.