Гатузо го промени имиџот, ја избричи брадата по 22 години (ФОТО)
Гатузо за првпат по 22 години ќе биде без брада на неговото лице и тоа како дел од хуманитарна акција.
„По ниту помалце, ниту повеќе 22 години тренерот на првата екипа, Џенаро Гатузо во склоп на хуманитарната акција ја избричи брадата“, стои во објавата на Хајдук.
Станува збор за акција со цел за подигнување на свеста за машкото здравје. Во видеото кое го објави Хајдук учествуваат и уште неколку други членови на Хајдук.