Французите објаснија зошто Модриќ е најдобар во светот (ВИДЕО)

Лука Модриќ синоќа ја освои „Златната топка“ за 2018 година, но многумина не се согласуваат со изборот, па велат дека Хрватот е еден од најлошите освојувачи на наградата.

Меѓутоа, француски „РМС Спорт“ објави видео-анализа во која се објаснува зошто Модриќ е подобар од сите останати.

„Модриќ врвно ја чита играта. И пред да ја добие топката, знае што ќе направи. Секогаш е чекор пред сите. Исто така, технички е одличен и под притисок на противниците. Хрватот е втор најдобар дриблер на Реал сезонава. Не влегува често во простор, па стои зад напаѓачите и е надвор од шеснаестникот. Оваа сезона само 22 пати ја допре топката во казнениот простор. Многу е добар со пресинг и речиси веднаш може да го прекине нападот на противниците“, велат Французите.