ФИФА се огласи по апсењето на Платини

Фудбалскиот свет повторно го тресе скандал, откако поранешниот претседател на Европската фудбалска унија (УЕФА), Мишел Платини беше уапсен поради тоа што му помогна на Катар да ја добие организацијата за Светското првенство.

Катар го доби домаќинството пред неколку години, а полицијата смета дека Платини тогаш го наместил тоа, па постои шанса државата да остане без организацијата.

Светската фудбалска федерација (ФИФА) имаше одговор на прашањата за целиот случај.

„Свесни сме за ситуацијата поврзана со господинот Мишел Платини. Ги немаме сите детали, па не може да коментираме дополнително. ФИФА ќе соработува со полицијата на секоја држава за да се расчисти било кој случај“, одговориле од ФИФА.