„Фараоните“ со Салах стигнаа во Чеченија, ги дочека првиот пријател на Путин (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Египет, предводена од својата најголема ѕвезда Мохамед Салах допатуваа во Русија на претсојното Светско првенство, а базата на „фараоните“ ќе биде во Чеченија.

И доаѓањето на Салах предизвика експлозија од воодушевувања во кавкаската република во состав на Руската федерација, а таму прв за да ги дочека се нацрта првиот пријател на претседателот на Русија, Рамзан Кадиров.

Ѕвездата на Ливерпул, кој го повреди рамото на финалето во ЛШ пред две недели тренираше нормално и потврди дека ќе биде подготвен за петочниот дуел со Уругвај.