
Ериксен искрен пред новинарите: Најави заминување од Манчестер јунајтед
Договорот на Ериксен истекува на крајот на актуелната сезона и според неговите зборови нема да биде продолжен.
„Мојот договор истекува ова лето и подготвен сум да побарам нешто ново“, изјави Ериксен на прашањето од новинарите на прес-конференцијата пред натпреварот помеѓу Данска и Португалија кој се игра в четврток.
Ериксен додаде и дека никој од клубот не го контактирал продолжување на договорот.
„Поради тоа претпоставувам и дека соработката тука ќе заврши“, искрен беше Данецот.