Двајца играчи на Бока ги покажаа страшните повреди (ФОТО)

Вечерва требаше да се случи вистински спектакл помеѓу Ривер плејт и Бока јуниорс во реваншот од финалето во Копа Либертадорес, но наместо врвен фудбал, настаните пред стадионот „Монументал“ ја претворија вечерта во кошмар за фудбалерите на Бока.

Навивачите на Ривер со камења го гаѓаа автобусот на Бока, а тројца фудбалери беа повредени на Бока, од кои Пабло Перез и Гонзало Ламбардо го извлекоа подебелиот крај.

Дуелот е одложен за во 23.15 часот, но не е познато дали вечерва воопшто ќе се одигра.