Деби гол на Вегхорст, Манчестер јунајтед ја доби првата битка со Нотингем форест (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со 3-0 славеше на гостувањето кај Нотингем форест во првиот полуфинален натпревар од Лига Купот на Англија, холандскиот напаѓач Вут Вегхорст го постигна првиот гол за тимот.

Натпреварот беше отворен уште во шестата минута кога Рашфорд постигна прекрасен погодок. Ја зема топката од својата половина, ги помина дефанзивците кои му застанаа на патот и реализираше за водство од 1-0.

Пред крајот на првото полувреме гол даде Вут Вегхорст за водство од 2-0. Ова беше негов деби гол за Манчестер јунајтед.

Пред самиот крај, во 89. минута Бруно Фернандеш ги постави конечните 3-0.

Оваа пресметка ќе има и реванш на Олд Трафорд, но со оглед на резултатот се чини дека тоа ќе биде само формалност. Манчестер јунајтед вечерва направи крупен чекор до финалето.