
Чуден е Енрике: Донарума е еден од најдобрите во светот
Искусниот стратег признава дека Донарума е еден од најдобрие голмани во светот, а одлуката да го замени ја објаснува со тоа што Италијанецот не бил тип на голман каков што сакал во новата сезоа.
„Заминувањето на Донарума е исклучиво моја одука. Нема дилеми дека станува збор за еден од најдобрите голмани во светот, но јас сакав поинаков пофил голман“, изјави шпанскиот стратег.
Според пишувањата на француските медиуми, дополнителен фактор за трансферот била и платата, Донарума наводно побарал зголемување кое управата на ПСЖ не можела да го исполни.
Парижаните експресно реагираа и како негова замена го доведоа 22-годишниот Лукас Шевалие од Лил, за кого платија 40 милиони евра. Донарума на Островот својот квалитет веќе го покажа и во градското дерби против Манчестер јунајтед, натпревар во кој имаше неколку одлични интервенции.
Фото: Manchester City/X