Чекаа 28 години за да се пласираат на СП, а ФИФА сега ги шокираше со термините

Репрезентацијата на Австрија во летото кое следи по 28 години ќе игра повторно на едно Светско првенство, а ФИФА сега со една одлука предизвика незадоволство во оваа земја.

Имено, Австрија, слично како и Македонија (ако се пласираме) два од трите натпревари ќе ги играат во неевобичаени термини за европски услови.

Првиот натпревар на 16 јуни кој за нив ќе биде прв на Светско првенство по речиси три децении ќе го играат против Јордан во шест часот наутро.Во вториот против Аргентина ќе излезат на терен од 19 часот, додека против Алжир навивачите во Австрија ќе треба да бидат будни во четири часот наутро.

Ваквата ситуација, бидејќи Австрија веќе се пласираше предизвика огромни критики за ФИФА.