Бразилците најавуваат: Мундијалскиот сон за Нејмар е жив!

Нејмар иако ги пропушти последните пријателски натпревари и не беше на тој список на Анчелоти, сепак би можел да добие место на Мундијалот. Имено, Бразилецот според последните информации ќе има место на поширокиот список. 

Селекторот Карло Анчелоти треба да го предаде списокот од 55 фудбалери во понеделник, 11 мај, додека конечниот список ќе биде објавен следниот понеделник, на 18 мај.

Нејмар нема настап за репрезентацијата од октомври 2023 година, кога се повреди на натпревар во кој Бразил загуби со 2-0 од Уругвај.

Во 2026 година зад себе има 12 натпревари за Сантос, постигнувајќи пет гола и забележувајќи три асистенции. Сепак, фудбалерот пропушти голем дел од натпреварите, што може да влијае на одлуката за негов повик за Мундијалот.

Дополнително, неодамна се најде во центарот на вниманието поради физичка пресметка на тренингот на Сантос со Робињо Жуниор.