Бразил нема да игра фудбал на Олимписките игри во Париз!

Бразилската фудбалска репрезентација нема да го брани трофејот од олимписките игри откако не успеа да се пласира на турнирот во Париз откако загуби од големиот ривал, Аргентина.

Во одлучувачкиот меч од последното, трето коло од завршниот јужноамерикански квалификациски тунирнир кој се игра во Венецуела, Бразил загуби со 1-0 од Аргентина.

Единствениот гол за Аргентина У23 која е предводена од Хавиер Маскерано, го постигна Лучиано Гонду во 77. минута од мечот.

Парагвај со седум бода го освои првото место во групата, Аргентина е втора со пет бода. Овие две селекции одат на Олимписките игри. Бразил ја совлада само Венецуела, а тоа не беше доволно за учество во Париз.

Ова првпат од 2004 година Бразил да не се пласира на Олимписки игри.