Бразил го растури Перу, Колумбија ремизираше со Венецуела (ВИДЕО)

Бразил славеше со убедливи 4-0 против Перу во рамки на 2.коло во Групата Б на Копа Америка. 

Домаќинот на турнирот втор натпревар по ред победува без да прими гол па веќе и го обезбеди местото во следната рунда. Алекс Сандро во 12.минута ја најави победата за „кариоките“. Нејмар погоди во 68.минута, а во последните минути од натпреварот во листата на стрелци се запишаа Евертон Рибериро и Ришарлисон. 

На вториот натпревар одигран во рамки на Групата Б, Колумбија и Венецуела одиграа без голови.