Бизарно: Пропатуваа скоро 500 километри во еден ден само за да се изведе еден пенал!?

Фудбалски нисколигаш во Грузија морал да помине скоро 500 километри за еден ден само зашто фудбалската федерација на оваа земја утврдила дека прекинатиот меч во самата завршница мора да се доигра, односно да се изведе еден пенал.

Несекојдневна и бизарна случка веројатно ќе остане запишана во фудбалската историја, откако во четвртата лига на Грузија, федерацијата пресудила дека прекинот во судиското надополнување мора да се заврши. Играле Маргвети со Бетлеми.

Неколку дена порано овие два клуба се соочиле и еден пенал ги зоврел страстите, едни се радувале, други се бунтувале, па поради тензијата судијата решил да го прекине мечот. Тој не завршил, пеналот останал неизведен и федерацијата после неколку дена наложила дека мечот мора да заврши, односно пеналот да се изведе.

Домаќините требале да шутираат пенал, па играчите на Бетлеми морале да пропатуваат 242 километри во еден правец до Карагули само за да се изведе пеналот. Но, на крај им се исплатело тоа. Фудбалерот на Мергвети го утнал ударот од белата точка, па Бетлеми победиле.

Ако ништо друго, барем на враќање во автобусот имало славеничка атмосфера, па не било залудно патувањето долго четири часа.