Бизарна ситуација во Серија А: Легенда на Милан доби отказ, па по три часа беше вратен на клупата

Поранешниот фудбалер на италијански Милан, Игнасио Абате доби отказ на клупата на Тернана затоа што не сакал да го „турка“ синот на претседателот на клубот, но бил вратен на работа по само три часа.

Првиот човек на италијанскиот третолигаш се налутил затоа што неговиот син не добива минутажа како што тој посакува, па го отпуштил Абате, меѓутоа бил принуден да го врати на работа.

Абате како фудбалер одигра повеќе од 300 натпревари за Милан, подоцна го водеше и тимот до 16 години на „росонерите“, а ова лето стана тренер на Тернана.

Тернанана во овој момент е второпласирана во групата „Б“ во третиот ранг на италијанскиот фудбал со само три бода помалку од лидерот Виртус Ентела.

Но, претседателот и во таква ситуација одлучил да го отпушти Абате затоа што во тимот на бил вклучен неговиот 20-годишен син Матија Д’Aлесандро.

Клубот во четвртокот соопшти дека Абате ќе биде заменет со Фабио Ливерани, но интервенирале фудбалерите на Тернана одржувајќи итен состанок на кој издејствувале Абате да биде вратен на клупата.