Без трошка жал: Ајакс му го раскина договорот на фудбалерот кој три години беше во кома!

Во време додека целиот свет се соочува со тажни вести поради пандемијата со коронавирусот, будењето по речиси три години минати во кома на фудбалерот на Ајакс, Абделак Нури, беше вест која го израдува целиот спортски свет.

Но, радоста кратко траеше, по што на површина излезе гневот по информацијата дека челниците на холандскиот гигант испратиле известување до младиот фудбалер дека нема да му го продолжат договорот што завршува во јуни. Нури во 2017 година колабираше среде пријателски меч во дресот на Ајакс, што ги вознемири њите фудбалски вљубеници во целиот свет.

Управата на тимот од Амстердам се реши на ваков непопуларен чекор бидејќи ако не го известеше Нури дека нема да му го продолжи договорот, тој автоматски ќе беше на сила уште една година, односно клубот ќе мораше да го плаќа. Вакво известување денеска добија и ветераните Клас Јан Хунтелар и Рајан Бабел.

Адвокатот на Нури изјави дека поради ова неговата борба за што поголема оштета ќе стане уште пожестока, бидејќи фудбалерот загубил повеќе од две години од својот живот, а никогаш повеќе нема да биде истиот.