
Беше пред заминување од Манчестер сити, а сега потпиша до 2031 година
Интересот од лондонскиот клуб беше сериозен, особено во последните денови од преодниот рок, но преговорите во финишот пропаднаа, а тоа му го отвори патот на Савињо да седне на маса со раководството на Сити за продолжување на соработката. На, крајот двете страни се договориле и гигантот од Манчестер потврди дека Савињо потпишал до 2031 година.
Потписот на Савињо доаѓа во период кога не добива премногу минутажа и од стартот на сезоната забележа само девет настапи и три од нив беа на Светското клупско првенство кде што одигра и најмногу минути, 300 од вкупно 511 колку што има сезонава.
Од неговото доаѓање на „Етихад“ летото 2024 година Савињо вкупно одигра 54 натпревари во кои постигна четири погодоци.
🚨💙 Official, exclusive story confirmed. Savinho signs new deal at Manchester City until June 2031. pic.twitter.com/ZiYVd9vYjk
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) October 3, 2025
Фото: Manchester City