Белгија испука „петарда“ против Тунис на последниот тест пред СП (ВИДЕО)

Фудбалерите на Белгија триумфираа со убедливи 5-0 против Тунис во последниот пријателски натпревар пред почетокот на Светското првенство (СП), кое почнува за неколку денови.

„Црвените ѓаволи“ доминираа на теренот, а до првиот гол стигнаа во 28. минута кога Леандро Тросар погоди за 1-0.

Останатите четири погодоци на Белгија беа постигнати во вториот дел, и тоа преку Де Кетелар и Де Брујне во 53 и 65. минута, а потоа во завршницата стрелаа Лукебакио и Раскин. Сите голови може да се погледнат ТУКА.

Белгија на Мундијалот е во група со Египет, Иран и Нов Зеланд.

Фото: Facebook/Belgian Red Devils