Бејл му се придружи на Кјелини, ќе играат со Македонецот Мусовски во ЛА ФЦ!

Велшката суперѕвезда Герет Бејл, некогаш најскап светски фудбалер кој има пет европски титули со Реал Мадрид, како слободен фудбалер му се придружува на италијанскиот дефанзивен Џорџо Кјелини во ЛА ФЦ во МЛС-лигата и овој двоец ќе игра со несудениот македонски репрезентативец Дани Мусовски.

Бејл се договори со ЛА ФЦ за соработка до идната година и веќе најголемиот дел од договорите со клубот се потпишани, а постои опција Велшанецот и по идното лето да биде продолжена соработката. Наскоро се очекува официјалната промоција на Бејл во новиот клуб.

Кјелини, кој се пензионира од репрезентацијата на „финалисима“ на 1 јуни против Аргентина и после 17 години замина од Јувентус, претходно беше бомбастичното засилување на ЛА ФЦ, каде доаѓа исто како и Бејл – како слободен играч.

Инаку Мусовски кој е роден во Невада (САД) во ЛА ФЦ игра од декември 2019 година кога дојде од Рено ФЦ, а беше договорен да го облече дресот на македонската репрезентација од бившиот селектор Игор Ангеловски откако македонскиот напаѓач блесна во 2020 година, но тој обид потоа остана неуспешен и поради корона-кризата.

Сезонава има 12 настапи и еден гол за ЛА ФЦ, а последен настап му е на 18 јуни против Сиетл во ремито 1-1