
Ботафого го шокираше ПСЖ, Атлетико без проблем против Сиетл (ВИДЕО)
ПСЖ на Светското клупско првенство допатува во голема форма, а таа ја покажа и во првото коло во кое со 4-0 го совлада Атлетико Мадрид.
Сите очекуваа дека победничката серија ќе продолжи и по мечот со Ботафого, но бразилскиот тим го шокираше светот.
Во 36. минута Игор Жесус погоди за водство на Ботафого од 1-0, што беше и конечен резултат.
ПСЖ се обидуваше да избегне пораз, но бразилскиот тим одлично се одбрани, а создаде и неколку шанси за поголема предност.
Атлетико Мадрид по тешкиот пораз од ПСЖ во првото коло се рехабилитираше со победа на Сиетл.
Резултатот го отвори Бариос со прекрасен гол во 11. минута од натпреварот. Тоа беше единствен погодок во првиот дел.
Аксел Витсел влезе во второто полувреме и само по неколку секунди игра постигна гол за предност на Атлетико од 2-0.
Во 50. минута Руснак намали на 2-1 и го врати Сиетл во игра, но пет минути подоцна Бариос постигна уште еден гол за конечни 3-1.
По две одиграни кола Ботафого е прв со шест бода, ПСЖ и Атлетико Мадрид имаат по три, а Сиетл е без бодови.