Сити казнет со милион фунти поради - доцнење на натпреварите

Манчестер Сити доби парична казна од еден милион фунти од Премиер лигата поради доцнење при почетокот на натпреварите од минатата сезона.

Дури девет меча на „граѓаните“ во неодамна завршената натпреварувачка кампања почнале подоцна од предвиденото или второто полувреме стартувало по подолга пауза. Најдолгото доцнење изнесува 2 минути и 24 секунди, при дербито со Манчестер Јунајтед, во декември минатата година.

Интересно е што ова е подобрување во однос на претходната сезона во која Сити доцнеше на 22 меча и доби казна од 2 милиона фунти, а Пеп Гвардиола вети дека ќе ги скрати разговорите со своите фудбалери.