
Aртета би бил пресреќен: Арсенал добива неочекувано засилување за финишот од сезоната?
Од Лондон пристигнува информација дека Каи Хаверц за кого се мислеше дека сезоната е завршена би можел порано од планираното да се врати на терените.
Германецот е во аут од почетокот на февруари поради повреда на задната ложа и последните информации говорат дека би можел да заигра во мај.
Тоа без дилеми би била важна вест за Артета кој е и без Габиел Жесус кој исто така заработи тешка повреда.
Клучно е Хаверц да биде подготвен за во завршницата од Лигата на шампионите каде што Арсенал е на добар пат да се избори за место во полуфиналето откако во првиот натпревар од четвртфиналето го совлада Реал Мадрид со 3-0.
Пред повредата Хаверц беше еден од најважните фудбалери на Арсенал и одигра 34 натпревари во кои постигна 15 голови и подели пет асистенции.