Англија го „потопи“ Косово, Роналдо со четири гола ја торпедираше Литванија (ВИДЕО)

Англија ја запиша и четвртата победа во четвртиот меч во квалификациите за Евро 2020 против Косово со 5-3, па сега е на чекор до пласман на првенството.

Косово поведе уште во првата минута, но во осмата минута Рахим Стерлинг погоди за 1-1, а потоа Хари Кејн погоди за целосен пресврт (2-1).

Во продолжение од првото полувреме Мергим Војвода си постигна автогол за 3-1, а Џејдон Санчо со два гола за две минути зголеми на 5-1 во првото полувреме.

Косово напаѓаше во второто полувреме, па Бериша и Муриќи успеаа да намалат на 3-5, но не и да направат сензација против Англија.

Чешка во вториот меч од групата А победи со 3-0, па сега се наоѓа на втората позиција со девет бода (три помалку од Англија), третопласирана е селекцијата на Косово со осум бода, а по два бода имаат Црна Гора и Бугарија.

Во групата Б најинтересно беше на мечот меѓу Португалија и Литванија, кадешто Кристијано Роналдо постигна дури четири гола.

Останати резултати:

Група Х

Франција – Андора 3-0
Албанија – Исланд 4-2
Молдавија – Турција 0-4

Табела: Турција 15, Франција 15, Исланд 12, Албанија 9, Молдавија 3, Андора 0

Група Б

Литванија – Португалја 1-5
Луксембург – Србија 1-3

Табела: Украина 13, Португалија 8, Србија 7, Луксембург 4, Литванија 1