Англичаните ќе добијат голема премија ако станат светски шампиони!

Фудбалерите на Англија и струшниот штаб добија дополнителна мотивација во завршницата на Светското првенство (СП), откако беше најавено дека ќе добијат бонус од 22 милиони евра ако го освојат шампионатот.

„Гардијан“ открива детали за распределбата на бонусите кои Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) ги договорила со фудбалерите и стручниот штаб.

Доколку станат светски шампиони, ФА планира да подели околу 17,6 милиони евра на фудбалерите, додека селекторот Томас Тухел би добил околу 3,4 милиони евра, а останатите членови ќе поделат милион евра.

Фото: England football team