Аморим брутално искрен: Ова е можеби најлошиот Манчестер јунајтед во историјата!

Екипата на Манчестер јунајтед денеска о поразот од Брајтон од 1-3 запиша уште еден разочарувачки резултат во Премиер лигата, а тренерот Рубен Аморим по натпреварот искрено зборуваше за ситуацијата во тимот.

Португалскиот стратег е свесен дека Манчестер јунајтед во овој момент не е на нивото на кое треба да биде.

„Уште еден пораз на домашен терен, вакви работи се неприфатливи. Начинот на кој играме, примаме голови. Играме фудбал, но малку време од натпреварот“.

Голманот Онана денеска направи грешка по која „црвените ѓаволи“ примија гол, а Аморим смета дека целиот тим требало да реагира подобро по тој примен гол.

„Да, се почувствува на стадионот, но не можете така да го завршите натпреварот. Не е важно каков е резултатот, ние мораме да бидеме подобри како тим“, изјави Аморим.

Како гледа на ситуацијата во тимот во овој момент веројатно најдобро покажува изјавата во која го опиша овој Манчестер јунајтед како можеби најлош во историјата

„Имам јасен начин на кој работам. Мислам дека на сите им е јасно што ќе направиме, но мораме да бидеме подобри. Ние сме можеби најлошиот тим во историјата на Манчестер јунајтед“, искрено зборуваше португалскиот стратег.

Манчестер јунајтед во овој момент е во долниот дел на табелата и 22 кола има 26 бода доволни за 13. позиција.