Кизиќ: Штета што не одиме понатаму со повеќе бодови!
Кизиќ исто како и останатите наши ракометари не го почна најдобро мечот, но како одминуваше натпреварот работите доаѓаа во нормала, се разбрани тој, се разиграа и неговите соиграчи и дојдовме до очекуваната победа.
„Ова беше одличен натпревар за Македонија, иако стартот на мечот не беше најдобар. Бев во грч на почетокот, но потоа ми помогна публиката, по што влеговме во ритам и победивме. Се чувствуваме одлично, одигравме три одлични натпревари, штета што не одиме со повеќе бодови во втора фаза. Ја остваривме првата цел, одиме чекор по чекор, Австрија е квалитетен противник, но ќе дадеме сè од себе“, рече Кизиќ по натпреварот.