
Американците сакаат финалето на СП 2026 да го направат – Супербоул!
Натпреварот ќе се одржи на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси, дом на НФЛ тимовите Њујорк Џајантс и Њујорк Џетс, а свое шоу ќе има британскиот бенд Колдплеј. Следниот Мундијал ќе биде прв со 48 репрезентации и ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и во Мексико. Наместо досегашните 64, ќе се играат 104 натпревари, вклучително и дополнителна нокаут рунда.
Шоуто на полувремето е традиционален дел од американскиот и канадскиот фудбал, најпознато по спектаклот на Супербоул.