
Торцида и БББ запалиле 500 бакљи и димни бомби, Хајдук и Динамо ќе платат казна од 105.000 евра!
Хаосот на трибините секако не им се допадна на луѓето во Фудбалскиот сојуз на Хрватска кој сега добро ќе ја наполни касата.
Двете екипи вкупно ќе платат казна од 105.000 евра, а 55.000 е казната за сплитскиот тим, а 5.000 помалку ќе плати Динамо. Казнет е и дефанзивецот на Динамо Нико Галешиќ кој поради грубиот старт ќе мора да паузира во следните три натпревари.
Причини за високите казни е оштетувањето на стадионот, но и употребата на бакљи и димни бомби. Од Фудбалскиот сојуз на Хрватска во објаснувањето за казните точно наведуваа колку бакљи и димни бомби биле употребени на трибините од страна на навивачите.