Втор пораз во низа дома за Париз, Шортс „броеше“ од 19

По поразот од Фенербахче во минатото коло, екипата на македонскиот репрезентативец, Ти-Џеј Шортс вечерва го претрпе и вториот пораз во низа на свој терен во Евролигата, сега од Монако со 79-91.

Шортс повторно беше најдобар во својот тим, но неговите 19 поени не беа доволни за Париз да го избегне поразот. Покрај поените, македонскиот репрезентативец додаде и уште пет асистенции и еден скок.

Во редовите на Монако најефикасни беа Лојд и Тајс со по 21 поен. Натпреварот беше решен во третата четвртина која Монако ја доби со убедливи 14-27 и стигна до 20 поени разлика. Во продлжение кошаркарите на Париз успеаа само да го ублажат поразот.

На табелата по 28 одиграни натпревари Монако е четврти, додека Париз се наоѓа на шестата позиција, последната која води во четвртфиналето.