Проблем за Барса: Кубарси задоцни, па доби црвен картон (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона се соочуваат со проблеми во натпреварот против Бенфика во Португалија и во 22 минута останаа со играч помалку.

Пау Кубарси задоцни со интервенцијата и го остави напаѓачот на Португалците Павалидс со отворен пат кон голот на Шчесни, стартуваше младиот дефанзивец, а судиите одлучија дека стартот е доволен за исклучување.

Флик веднаш реагираше, па со цел да ја зацврсти одбраната на теренот го испрати Арухо на местото на Дани Олмо.