Лаутаро испиша историја, Интер е на чекор од четвртфинале во ЛШ (ВИДЕО)

Eкипата на Интер е блиску до пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако вечерва со 0-2 славеше победа над Феенорд во Холандија.

Беше подобар противник Интер во текот на натпреварот, иако и домаќините имаа свои прилики за гол. Резултатот беше отворен со одличниот гол на Турам пред крајот на првиот дел.

На пауза избраниците на Симоне Инзаги заминаа со еден гол предност, а по пет минути игра во вториот дел Лаутаро Мартинез се запиша во листата на стрелци за 0-2.

Овој гол за Аргентинецот беше 18-ти во дресот на „нероаѕурите“ во ЛШ со што стана најдобриот стрелец во историјата на Интер во најелитното клупско натпреваруваање. Претходно Лаутаро беше изедначен со Сандро Мазола со 17 погодоци.

Имаше прилика Интер и за поубедлив триумф, но Зјелински во 65. минута не реализираше најстрога казна.