Време е да се прекине црната серија: Израел во Скопје секојпат победувал!

Македонија вечерва (20.45 часот) го завршува овој евроквалификациски циклус за пласман на ЕП2020 низ Европа со дуелот со Израел во ко после загубените шанси за место на континенталниот собир останува црвено-жолтите со победа да се обидат да направат барем чекор погоре од просечноста и вечното четврто место во досегашните квалификации, било да се европски или мундијалски.

Израел доаѓа во Скопје да го избегне петтото место во групата, кое ни се заканува и нам со неуспех, а гостите ако ништо друго имаат убави сеќавана од сите досегашни доаѓања во македонската престолнина. Од трипати што нѝ гостувале – трипати си заминале со кренати раце.

Македонија ниту еднаш не успеала да одигра барем реми и од 2002 година наваму, трипати се судрила со Израелците, а интересно секојпат имало повеќе голови во пресметките со добро познатиот ривал на домашен терен, во однос на достувањата. Ова ќе биде наша седма пресметка со Израелците, кои на поранешниот Градски, а сега Арена „Тодор Проески“ имаат три триумфи.

Црната наша серија против Израел почна на 20 ноември 2002 година, кога со гол на ели Битон во 92-та минута загубивме со 2-3 во мечот на кој стоперите Александар Васоски и Гоце Седлоски постигнаа голови за нас. Следниот пораз ни е на 2 јуни 2007 година, кога Израел победи со 2-1 во мечот на кој Ацо Стојков даде гол за Македонија, а од тој меч во репрезентацијата само е актуелниот капитен Горан Пандев. Израел победи со голови на утузаки и Колаути. Последното гостување на Израел беше пред три години, на 6 октмври 2016 година, кога Хемед и Бен Хаим им донесоа победа, а за Македонија стрелаше Илија Несторовски, додека Адис Јаховиќ промаши пенал во судиското надополнување.

После ваква серија на триумфи, веројатно дојдено е времето да се прекине црната наша домашна серија против Израел, а триумф вечерва е добредојден за да се задржи самодовербата и добрата атмосфера пред клучните мечеви во март догодина.

Во шест меча досега Македонија има само една победа, реми и четири порази. На последните два имаме позитивен скор, зашто двапати од Израел се враќаме со бодови. Пред ве години на 2 септември 2017, Пандев даде гол на асистенција на Елиф Елмас за победа со 1-0, а пред два месеци, 5 септември 2019 година, Аријан Адеми избори бод по водството на Израел преку Ерон Захави. Единствениот наш пораз на гостувањата е од 21 ноември 2007, кога загубивме со 0-1.