Во Копенхаген натпревар ќе играат и македонските навивачи!
Имено, на денот на натпреварот во Копенхаген е организиран фудбалски натпревар помеѓу навивачите на Данска и Македонија.
Натпреварот ќе се одигра во 13:30 часот на Спортскиот комплекс Кловермаркен кој исто така се наоѓа во Копанхаген. Точната локација на теренот – ТУКА.
Стадионот „Паркен“ каде што ќе се игра натпреварот собира околу 38.000 гледачи и веќе е распродаден, а за нашите навивачи беа резервирани околу 1.000 билети.