Ужасен старт за Македонија: Турција ни даде два гола за 16 минути (ВИДЕО)

Турската фудбалска репрезентација по само 16 минути води со 2-0 против Македонија во пријателскиот натпревар кој се игра во Истанбул.

Домаќинот уште во првата акција преку Оркан Кокчу во 61. секунда успеа да ја затресе мрежата на Столе Димитриевски, а во 16. минута Узун со прекрасен удар од работ на казнениот простор зголеми на 2-0.