Трите ремија по ред придонесоа за нов пад на ФИФА-листата

Македонската фудбалска репрезентација се најде на 74.место на најновата ФИФА ранг-листа објавена утринава.

Тоа е пад од две позициции во однос на августовското рангирање. Овој месец одигравме три натпревари во квалификациите за Светското првенство и ремизиравме на сите три со 0-0 против Ерменија, 2-2 со Исланд на гостински терен и повторно без голови против Романија во Скопје.  Нашата селекција е во низа од шест натпревари без победа, бидејќи претходно загубивме на сите три натпревари на Европското првенство во месец јуни.

Во месец мај годинава бевме на 62-то место на ФИФА-листата. Македонија има 1.345,47 поени и се наоѓа зад Јужна Африка, но пред Кина на листата.

Од нашите ривали во групата, Ерменија е 89-та на листата, Лихтенштајн (188), Романија (42), Исланд (60), а Германија е најдобро рангирана на 14-тото место.

На врвот на ранкингот е Белгија, пред Бразил, додека сега Англија се искачи на третото место на сметка на Франција, која е четврта. Италија е петта пред, Аргентина, Португалија е на шестата позиција, а најдобрите 10 светски репрезентации ги комплетираат Шпанија, Мексико и Данска.