„Треба да сме реални – ние добар впечаток оставивме со едно полувреме во два меча!“

Ако некој многу добро ја познава македонската фудбалска репрезентација во душа, секако е Саша Ќириќ, поранешниот македонски репрезентативец и спортски директор кога младата селекција го скрши мразот со настапот на Еуро 2017, а потоа и спортски директор на А-тимот кога се градеше селекцијата која сега ќе дебитира на големата сцена – Европското првенство. Ќириќ за Спорт 1 анализира после вториот пораз на Македонијана дебито на 16-иот континентален шампионат, Еуро 2020.

Одигравме две дијаметрално спротивни полувремиња, првото за заборав, а второто како што сакаме, како што треба и како што очекувавме.

Го започнавме мечот со состав за кој има(ше), многу коментари, а и мене не ми е јасно, за тактичката одлука да се форсира Стефан Ристовски да игра пак десен стопер, а бонан Николов на десен бек. Со Австрија така почнавме и не знаеме зошто пак. После се покажа дека поинаку многу подобро играме.

За жал, првото полувреме ни беше катастрофално, имавме многу грешки во сите линии, во транзиција имавме (пре)многу погрешни пасови, а Украинците сето тоа го користеа – пресекуваа топки, со противудари нѐ загрозуваа. Едноставно немавме игра, а Пандев беше осамен и немаше што повеќе да направи. Со Елмас како втор шпиц очигледно не оди работата и веќе јасно е дека не е вистинско решение.

Нам ни фали вистински шпиц! Не знам дали со Трајковски или со некој сидраш, ама очајно ни фали напаѓач!

И тоа прво полувреме мора да го заборавиме, со многу грешки, без преголема помош од страничните фудбалери во напад. Примивме гол од корнер кој не поремети, вториот беше после еден противнапад и сите мислеа дека приказната заврши.

Тој брз гол што го дадовме ни даде крила, игравме далеку поофанзивно во вториот дел, со 5-6 фудбачери во нападот, преземавме малку ризик, ги оставивме Муслиу и Велковски сами во одбрана и сѐ беше насочено во офанзива,

Можеби ова е вистинското решение, зашто ја видовме Македонија во едно издание, кое е поопуштено, но видовме дека посакуваат да стигнат до добар резултат. Не дека второто полувреме беше пресјајно, иако имавме иницијатива, но немавме поконкретни шанси, дури најголемата на Адеми беше при 2-0, пред да го намалиме резултатот. Ама, јас, а и јавноста сака да ги гледа овие фудбалери на начинот на кој играа во вториот дел

Ние тргнавме со згустан среден ред, но правевме грешки во организацијата, а тоа на Украина и даде крила, создаваа шанси, а нашите премногу едноставни грешки беа тој клучен момент, после кој се најдовме во два гола негатива. Мора да сфатиме дека на Европско не играат екипи како Лихтенштајн и Естонија, па да може да се поправиш. Сите се дојдени со голем квалитет, а самото тоа да свртиш еден меч до егал или да победиш е многу тешко кога ќе се најдеш во егал.

Тој гол на Алиоски ни даде елан, но мислам дека многу похрабра игра со Австрија и со Украина во првиот дел, сега ќе ни донесеше некој бод на контото, а вака од два меча со далеку послаби екипи од Холандија, како Австрија и Украина, ние имаме нула бодови. Сега ни доаѓа Холандија како последен меч и наше е да одиграме барем да земеме бод.

Голема штета е што во Холандија ќе играме пред помалку навивачи како тука во Букурешт, а навивачите се за секоја пофалба. Европа виде дека Фалангата заслужува респект, дека е позитивно изненадување и ние преку нашите навивачи станавме омилени во Европа. Голема штета што фудбалерите во Амстердам ќе ја немаат таа поддршка во толкав број како во романската престолнина.

Треба да сме реални, ние добар впечаток оставивме само во едно полувреме во два меча, а можеше многу подобро и со Австрија и со Украина. Дали тактиката, дали грешките се причина допрва ќе видиме. Но сите сакаме да ги видиме овие дечки како во вториот дел, а во тоа второ полувреме вчера се виде дека имаме квалитет, дека можеме дасе носиме сосите екипи. Сепак, са сума-сумарум да ја почекаме Холандија. На крајот секако, овие фудбалери ги испративме како херои кои напишаа историја и без оглед на сѐ ќе се вратат како херои. Сепак, убаво би било да се вратат со барем бод, да не бидат со нула на контото.

И младата селекција во Полска на Еуро 2017 имаше тешка група (Шпанија, Португалија и светскиот првак Србија), игравме многу тешки мечеви, но освоивме бод со кој се гордееме. Посакувам и сега да се израдуваме на барем бод, зашто голови дадовме. Така уште повеќе ќе го подобриме квалитетот. Искрено ми е жал што досега испуштивме шанса за некој бод и секогаш одиме по потешкиот пат. Вчера првиот дел нѐ уништи, но според квалитетот и начинот на игра во вгориот дел требаше така да играме од почеток на Евро 2020.

Ние со самиот пласман покажавме дека имаме квалитет да бидеме дел од Европското првенство, иако дојдовме од Лигата на нации, но неискусни сме, ова е турнирски систем, сите селекции кои веќе го почувствувале тоа, знаат како да се однесуваат. Ова нека биде добра поука за следниот настап, да знаеме што и како, зашто имаме одлична генерација, имаме генерација која по возраст е тука некаде, а сите овие фудбалери се тие што најмалку уште 5-6 години ќе го гледаме, плус воиграни се, дел од нив веќе имаат две Европски, со младите и со сениорите и се надевам дека во блиска иднина повторно ќе зачукаме на вратана на уште едно големо натпреварување, било да е Европско или Светско првенство.