Столе „Пантерот“ Димитриевски ја исфрустрира Словенија! (ВИДЕО)

Фото: Ѓорѓи Личовски/Агенција ЕПА

Македонските репрезентативци одиграа одличен меч против Словенија, па на крајот славеа со 2-1, а најдобар настап во неговата репрезентативна кариера во денешниот дуел имаше и голманот Столе Димитриевски.

Ако на минатите неколку натпревари беше несигурен во рекациите, ако тој беше виновен што Ерменија нѐ понижи во Ереван, сега чуварот на мрежата на Рајо Валјекано блескаше на голот.

Македонскиот голман многу добро ја бранеше неговата мрежа, а посебно се истакнуваат неговите две интервенции од финишот на мечот. Претходно, имаше и една супер интервенција при 1-0, кога одбрани тежок удар во десниот долен агол.