Стојанович ги откри летонските маки: Моите фудбалери само трчаат, не знаат да играат со топка!

Летонија е вечерашниот противник на макеоднската фудбалска репрезентација, која како игра во последниве две години, од селекција која има настап на ЕП (Евро 2004) стигна да биде селекција на ранг на Сан Марино, Гибралтар и Лихтенштајн, а селекторот на оваа блатичка земја Славиша Стојанович ги откри сите маки со кои се соочува откако го презема кормилото.

Словенецот дојде на клупата пед стартот на квалификациите за да го крене потонатиот летонски брод, после ужасот во Лигата на нации, но на половина од евроквалификациите, Летонија ем што има пет порази во пет меча, туку е „торба за полнење“, па има неверојатна гол-разлика 1-18.

„Немаме играчи кои знаат да играат со топка. Ние само трчаме. Тоа не е доволно. Играме во група во која сите селекции се моќни во средниот ред, а ние, немаме ништо – ниту екстра дефанзивен играч за врска, ниту екстра квалитетен офанзивен фудбалер за врска. Сите проблеми на Летонија се вртат околу ова. И потоа за секоја најмала грешка, противникот пеколно нè казнува“, вели Стојанович.

Словенецот веќе посочи дека во оваа група Летонија нема што премногу да бара и дека освојување на бод или два би било премија за оваа селекција.

„Немаме доволно играчи во врвните лиги, а тие што играат во странство немаат минутажа. На последните два меча како игравме, јас не можам ни да опишам на што личевме. Тоа не е ни близу некој професионален фудбал. Ние сме во група со многу сериозни селекции, па бод или два во оваа група би било – преголем успех“, додава Стојанович.

Нема сомнение дека Македонија ќе мора и ќе треба да ја искористи својата техничко-тактичка надмоќ за да ја освои Рига, пред се во средниот ред, со поседот на топка и со индивидуалниот квалитет на фудбалерите, кои со потег би можеле да дојдат во шанса за гол или да креираат шанса за гол.