Спировски со два маестрални погодоци му донесе победа на Хапоел ТА (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски одлично ја стартуваше 2020 година, каде по три натпревари запиша исто толку погодоци за тимот на Хапоел Тел Авив.

Вечерва, неговиот тим забележа победа над Ранан со 3-1, а токму играчот од средниот ред беше стрелец на два гола. Домаќините поведоа преку Македонецот во 29. минута со феноменален гол од 20-тина метри, додека гостите израмнија преку Томер 12 минути подоцна.

Во вториот дел Алтман му донесе нова предност на Хапоел, додека печат на победата стави Спировски со голот во 81. минута.

Со овој триумф тимот од Тел Авив се наоѓа на 5-ото место на табелата во првата исраелска лига, додека Ранан останува последен со само 14 освоени бода.