Ристовски: Шанса да почнеме како што треба, а за понатаму – чекор по чекор!
После лошата Лига на нации во минатата година, Македонија тргнува во нов циклус во исклучително тешката „група на смртта“ со два великани во Италија и Англија и секогаш силната Украина, во битка за првите две места кои водат на Еуро 2024 во Германија.
„Овој меч со Малта е шанса да почнеме како што треба, а тоа е да отвориме со победа. Тое во моментов е најважно. Имаме група со исклучително квалитетни селекции, селекции кои се фаворити за освојување на Европско, како Италија и Англија, а не смее да заборавиме никако на Украина, со какви сѐ играчи располага. Но, полека одиме чекор по чекор. Имаме добар распоред и утре ако тргнеме како што треба, тоа ќе ни даде ветер во грб за понатаму“, вели Ристовски.
Тој посочи дека за овие квалификации најважно е сите фудбалери да се здрави, зашто Македонина нема доволно широк тим за да надомести секое важно отсуство, што се виде како проблем во Лигата на нации минатата година.
„Ние имаме една од потешките групи во циклусот, а во минатиот циклус се носевме со тие повреди. Ние сме селекција која нема голема ширина на играчи и сега драго ми е што сме сите на рапсолагање. Се надевам дека цела година ќе бидеме здрави, доволно сме сикусни, доволно долго сме заедно во оваа селекција и се надевам дека ќе направиме нешто што сите го посакуваме“, додаде Ристовски.