
Пред 26 години, Македонија ја оствари најубедливата победа, 11-1 во Лихтенштајн! (ВИДЕО)
На денешен ден, пред 26 години се случи триумфот, кој уште не е надминат и веројатно тешко дека ќе биде со оглед на тоа дека веќе и Лихтенштајн и Андора и останатите од тој ранг веќе не се „пациенти“, кои само се бранат.
Меѓутоа, во тие квалификации за СП 1998 во Франција, Македонија беше јасен фаворит против Лихтенштајн и отпатува во Вадуц по победа, откако во Скопје беше 3-0, во првото коло од циклусот. Со офанзивна формација, нашата репрезентација поведе со 6-0 во првиот дел, потоа беше и 9-0, кога домаќините постигнаа гол, за на крај разликата да биде и двоцифрена. Дејви Главевски успеа да постигне хет-трик, иако одигра само 69 минути.
МАКЕДОНИЈА: Данчо Целески – Гоце Седлоски, Митко Стојковски, Љупчо Марковски, Игор Николовски – Зоран јовановски, Влатко Гошев, Тони Мицевски (к) – Ѓорѓи Христов, Саша Чириќ, Дејви Главевски.
Замени:
64' Сашо Милошевски на местото на Митко Стојковски
69' Ванчо Мицевски на месото на Дејви Главевски
77' Тони Наумоски на местото на Тони Мицевски
Стрелци: 8' Главевски, 12' Главевски, 23' Христов, 30' Стојковски, 43' Стојковски, 45' Т. Мицевски, 49' Т. Мицевски, 53' Чириќ, 60' Главевски, 87' Чириќ, 90' В. Мицевски