Македонија ги доби ривалите во квалификациите за ЕП во У-17 и У-19

Македонските фудбалски репрезентации до 17 и 19 години ги добија своите ривали во квалифиикациите за Европското првенство во 2020 година. 

Селекцијата до 19 години се најде во групата 11 заедно со селекциите на Англија, Босна и Херцеговина и Луксембург. Македонија ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир, што ќе се игра во Скопје од 13 до 19 ноември 2019 година. Првите две репрезентации од групата ќе се пласираат во елитната рунда квалификации за пласман на континенталниот турнир. 

Две години помалата генерација пак, се најде во групата 1, а противници ни се Полска, Белгија и Лихтенштајн. Овој квалификациски турнир се игра во Полска, а натпреварите се играат од 9 до 15 ноември 2019 година.