Пауновиќ не заминува, ќе ја води Србија до 2030 година! (ВИДЕО)

Фудбаалската федерација на Србија денеска официјално потврди дека Вељко Пауновиќ ќе продолжи да биде предводник на националниот тим.

Пауновиќ пристигна како наследник на Драган Стојковиќ-Пикси, но за почеток како привремено решени, сепак на крајот потпиша договор до 2030  година.

Во претходниот период Пауновиќ ја водеше Србија на два натпревари во поразот од Англија на „Вембли“ (2-0) и во триумфот над Летонија во Лесковац (2-1).

Тој ќе биде 12. селектор во историјата на националниот тим на Србија.