Потрес во НБА: Јанис е незадоволен во Милвоки, ќе го менува клубот?!

Според последните информации од САД, ерата на Јанис Адетокумбо во Милвоки Бакс е пред самиот крај.

Наводно грчкиот кошаркар е незадоволен во Милвоки и заедно со неговиот менаџер, Алекс Сарацис веќе и го известиле клубот. Сепак, се додава и дека одлукатаа на Јанис не е конечна и оставил простор да преговара со раководството на клубот.

Познатиот НБА инсајдер Шемс Чарни објави дека одлуката би требало да биде позната во наредните неколку недели.

Сезонава, Јанис е на просек од 30.8 поени, 10.7 скокови и 6.4 асистенци со шут од игра од 63.9%, а неговио тим се наоѓа на десеттото место со скор о 10-13.

Но, по ваквата информаци во САД се пишува и дека половина од тимовите во НБА лигата веќе подготвуваат понуди за негов трејд.