Мбапе има страшна година, може да сруши и еден од најголемите рекорди на Роналдо!

Кристијано Роналдо во текот на 2013 година постигна 59 голови во една календарска година и тоа беше рекорд кој изгледаше како тешко достижен за еден фудбалер на „кралевите“, но сега се појави Килијан Мбапе.

Мбапе вчера постигна два гола во победата на Реал Мадрид против Атлетик Билбао со што дојде до бројката од 55 гола со кои е на четвртото место, првите три позиции ги држи Роналдо со 56, 58 и 59 голови.

Со оглед на просекот со кој постигнува голови и бидејќи до крајот на годината пред себе има уште пет натпревари, Французинот има големи шанси да постави нов рекорд.

Во тие пет натпревари до крајот Реал Мадрид ќе игра против Селта, Алавес и Севиља во Ла Лига, Манчестер сити во Лигата на шампионите и дуел во Копа Дел Реј во кој противникот ќе биде познат на 9 декември.